Промени во правилата за 2010 (Photo)

Како и претходната сезона така и оваа има промени во правилата. Незнам што им е намерата на челниците на ФИА, но по се изгледа сакаат да ги уназадат големите тимови за да Формула биде повеќе интересна и се повеќе спонзори да се лепат.

Capture

Е сега да започнеме. За разлика од 2009, кога го гледаме болидот во преден план јасно се гледа дека има промени во 2010. Предните пневматици се стеснети (1), а задниот дел (2) е доста проширен поради зголемувањето на резервоарите кое произлегува од правилото за забрана на долевање гориво во болидот за време на застанувањето во бокс.

Стеснувањето на предните гуми произлегува од нерамнотежа на предниот дел поради воведувањето на мазните гуми во 2009-ата, па со оваа модификација има поголем простор помеѓу гумата и шасијата па можеме да очекуваме доста добри аеродинамични решенија во овој дел од болидот.

Capture1

Покрај забраната за долевање гориво, има и промени на технички план. Како може да видите резервоарот е зголемен речиси двојно, и наместо досегашните 120 литри сега ќе собира 235 литри. Од ова произлегува продолжувањето на болидот за 15 сантиметри во должина, и зголемувањето на минимумот тежина на болидот од 605 килограми на 620 килограми.

Уште една забрана во 2010 е употребата на предните капаци, кои и самите бевте сведоци што му се случуваше на Алонсо поради недобро зацврстена гума каде што причина беа самоите капаци, па затоа и времето на менување гуми ќе биде намалено, а и бидејќи не се долева гориво, еден просечен pitstop ќе биде највеќе 4 секунди.

Capture2

About the Author

Огромен фан на Формула1 и Ферари. Немам пропуштено трка од 1999. Студент на ФЕИТ (ИКИ), средно завршив во Михајло Пупин a.k.a. Коце Металец. А да, ПАТРИОТ ВО КРВ